И вечерва Maкрон со ист став кон Македонија

0
85

Францускиот претседател Емануел Макрон и вечерва е со непроменет став во однос на почнување на преговорите за влез во ЕУ на Македонија и Албанија. Како што пренесува репортерката на албанската телевизија „Клан“, Ериса Зика од Брисел, таа добила потврда дека Макрон не го променил ставот за проширување.

Со лоши прогнози за тоа што ќе се случува на Самитот по прашањето за Македонија претходно денеска излегоа и германската канцеларка Ангела Меркел, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјeн и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.