Катица Јанева сакала да се спогоди, парите од Рекет потрошени

Катица Јанева, поранешната специјална јавна обвинителка побарала да се спогоди и да сведочи во случајот „Рекет“. Вилма Рускоска од Обвинителството за организиран криминал синоќа соопшти дека еден од осомничените од првиот дел од истрагата се понудил да се спогоди, но не прецизираше кој е тоа и дали тоа ќе биде прифатено. не било поднесено официјално барање, но спогодбата мила понудена.

Во првиот дел од Рекет беа осомничени Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски Кичеец. Јанева и Јовановски се во притвор, а на Кичеец му беше одреден притворот му беше заменет со домашен притвор.

Денеска ќе биде поднесено обвиниението за тој дел од Рекет. Инаку Рускоска рече дека парите се пуштени во промет и дека ќе има обвинение за перење пари.