Крвнички претепано цело семејство во Гостивар

0
43

Основното јавно обвинителство од Гостивар поднесе кривична за насилство против сомничен државјанин на Македонија и на Босна и Херцеговина, а второосомничен за истото дело е државјанин на Босна и Херцеговина, бидејќи пред четири дена насила влегле во дворот на семејната куќа на едно лице од гостиварското село Неготино.

Двајцата започнале да тропаат на вратата, а откако од куќата излегле сопственикот, неговата сестра и неговиот внук, осомничените со летви започнале да ги удираат оштетените, нанесувајќи им повреди.

Судот денеска го прифати предлог на ОЈО на двајцата да им одреди притвор од осум дена.