Локализиран пожарот на депонијата Русино

0
44

Огнот се појавил утрово околу 3 часот на западната страна на депонијата на површина од околу половина хектар. Огнот зафатил дел од комуналниот отпадот што се депонира на оваа локација. Дежурните работници од комуналата хигиена го пријавиле и повикани пожарникари. Од утрово низ градот се почувствува непријатна миризба, а граѓаните реагираа по социјалните мрежи.

Од ЈП Комуналец нагласуваат дека нивни екипи со градежни машини работат на затрупување со земја на опожарениот дел и со помош на противпожарната единица сé уште работат на терен. Според најавите огнот е ставен под контрола и се очекува во текот на денот целосно да биде изгаснат.

Голем пожар кој зафати депонијата беше регистриран во август годинава. Огнот беше изаснат под три дена, а гостиварци се жалеа на непријатниот мирис и чадот и бараа поенергична реакција на локалните власти. Градоначалникот Арбен Таравари тогаш побара помош од државните институции, бидејќи како што тогаш кажа, депонијата Русино е во надлежност на Владата. /МИА