Макрон за брегзитот: Британија мора да даде причина за одложување на излегувањето

Макрон за брегзитот: Британија мора да даде причина за одложување на излегувањето
Продолжување на преговорите за брегзитот со Европската Унија во оваа фаза не е оправдано и Британија треба да пружи доволно добра причина за преостанатите 27 членки на ЕУ да се согласат на понатамошно одложување, соопшти извор близок до францускиот претседател Емануел Макрон.

„Франција сака оправдано и сразмерно продолжување на рокот. Меѓутоа, засега немаме ништо слично. Мора да им покажеме на Британците дека нивна задача е да ја разјаснат ситуацијата и дека одложувањето не е загарантирано“, кажа изворот за Ројтерс.

Изворот одби да прецизира на колку ќе се согласи Макрон да се продолжи рокот доколку Британија пружи политичко оправдување – кое Франција претходно го опиша како одржување избори или референдум.

Макрон смета дека временскиот притисок е важен за да се обезбеди да заврши процесот на ратификација во британскиот парламент.

„Притисокот мора да се одржува“, додаде изворот за британската агенција.