МАКРОН: СТРПЕТЕ СЕ УШТЕ МАЛКУ, ПРЕРАНО Е ЗА ПРЕГОВОРИ

0
99

Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ, порача Емануел Макрон на заедничката прес – конференција со германската канцеларка Ангела Меркел. Според Францускиот претседател, двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно.

„Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: Овојпат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите.“ – изјави Емануел Макрон.

За разлика од него, германската канцеларка смета дека има уште малку простор до утре на самитот на Европската унија, двете земји да ги усогласат своите ставови. И Берлин и сметаат дека на земјите од Западниот Балкан им е потребна Европската унија но процесот мора да се направи потранспарентен.

Барање на датум за почеток на преговорите денеска одново побара премиерот зоран заев…по средбата со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, македонскио премиоер порача дека по се што направи државата во изминатиот период, заслужено би било да добиеме датум за почеток на перговорите. Заев вели и дека ново одложување на одлуката ќе има негативни последици и разочарување кај граѓаните и кај сите оние кои го поддржаа спроведувањето на Договорот од Преспа.

„Јас сум тој што разговарав со пратениците убедувајќи ги дека е вредно дури и да го смениме нашето усвано име и нашиот устав, за нашата иднина во европскорто семејство. Ние тоа го направивме, успеавме да обезбедиме дво третинско м,нозинство  и го променивме нашиот устав и нашето уставно име. Добивме еден многу важен пријател, Грција. Верувам дека одлуката навистина ќе биде донесена на европскиот совет.“ – изјави Заев.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пак истакна дека Македонија поминала долг пат кон евроинтеграциите и дека граѓаните заслужуваат подобар живот. Потенцираше и дека треба да се почитуваат сите напори кои ги направила државата и тие да се земат во предвид кога ќе се носи одлуката за почеток на преговорите.

„Огромно мнозиснтво земји бара зелено светло за подготовка на почеток на преговорите, сега таа одлука е на ниво на лидерите, и се надевам дека ќе одлучат врз основа на поширока политичка проценка. Ако ЕУ сака да има поголемо влијчание во светот, ќе мора прво во својот двор да покаже е во можност да го направи тоа. На коцка се ставаат европската отчетност и кредибилитет ако нема позитивна одлука, и јас ги повикувам лидерите да дадат зелено светло за процес што ќе трае повеќе години.“  изјави Хан.

Македонскиот премиер денеска се сретна и со претседателот на Европскиот Парламент Давид Мариа Сасоли а на средбата било разговарано за поддршката од Европскио парламент и европратениците кои во огромно мнозинство ја прифатија препораката на Европската Комисија, Северна Македонија безусловно да ги започне преговорите за членство во ЕУ.