Мицкоски: Владата не прави реформи, нема странски вложувања и капитални инвестиции

Образложувајќи ги причините поради кои, според опозицијата, земјава има пад на ранг листата „Дуинг бизнис“. Покрај ова, вели лидерот на опозицијата, загрижувачки се индикаторите и за капиталните инвестиции, странските директни инвестиции, но и приходите и расходите од буџетот.

„Со други зборови државата ги собира парите од бизнисот и граѓаните, наместо да ги троши за капитални расходи, наместо да ја развива државата тие ги трошат за останати трансфери и се обидуваат да играат на кратко помнење, па со определени политики кои што се темелат на поткуп, да обезбедат гласови за следните предвремени парламентарни избори, кои што ќе се случат во Македонија“, вели  Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО ДПМНЕ.