Мнозинството македонски граѓани го сметаат Гоце Делчев за Македонец

0
45

Македонските граѓани сметаат дека Гоце Делчев бил Македонец, покажува последната анкета на Институтот за политички истражувања Скопје, за потребите на Сител Телевизија.

Според анкетата 75% од анкетираните граѓани сметаат дека Гоце Делчев бил Македонец, 4,6% дека бил Бугарин, 4,9% се на мислење дека тој бил и Македонец и Бугарин, а 15,5% се изјасниле дека не знаат.

Доколку се видат резултатите според етнички состав, убедливо мнозинство етнички Македонци или 94,8% смета дека Гоце Делчев бил Македонец, додека само 0,7% од анкетираните етнички Македонци сметаат дека тој бил Бугарин и 1,9% дека бил и Македонец и Бугарин, останатите не знаат.

Кај етничките Албанци, најголем број анкетирани или 56% велат дека не го знаат одговорот на ова прашање. 17,2% етнички Албанци сметаат дека Делчев бил Бугарин, 12,4% за Македонец и 14,4% и за Македонец и за Бугарин.

Мнозинството граѓани во сите возрасни групи сметаат дека Делчев бил Македонец а бројките се движат над 70%. Дури 80% од анкетираните граѓани на возраст меѓу 50 и 59 години го сметаат Делчев за Македонец.

Кај младите до 29 години 76% сметаат дека е Македонец, додека кај оние од 40 до 49 овој процент се спушта најниско, на 70%.

Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена за потребите на Сител Телевизија во периодот од 4 до 7 октомври врз репрезентативен примерок од 1106 испитаници.