Моментот кога камионот со 39 мртовци пристигнува на својата дестинација

0
45

Надзорни камери го регистрирале моментот кога камионот во кој беа пронајдени 39 мртви тела, стигнал на дестинацијата во индустриска зона на англискиот град Есекс.

Камионот бил снимен од камери на објект во Индустрискиот парк Вотерглејд, а снимката прикажува како камионот минува низ индустрискиот комплекс само половина час пред амбулантата да ги открие мртвите тела на 38 возрасни лица и еден тинејџер.

Камионот марка „сканија“ потекнува од Бугарија, но според досегашните информации, сопственикот е од Северна Ирска. Возилото влегло во Велика Британија пред еден ден, преку пристаништето Холихед.

Станува збор за приколка-ладилник, што ја отвора можноста дека луѓето замрзнале додека камионот ги пренесувал за Британија.

Возачот на камионот, според информациите што им се достапни на британските медиуми, е 25-годишник од Северна Ирска и е уапсен.

Британската полиција попладнево објави дека камионот во Велика Британија влегол од Белгија.