Нема предизборна коалиција ДУИ-СДСМ

0
64

За некои национални прашања, Ахмети вели дека се уште немаат заеднички јазик. Според претседателот на најголемата албанска партија логични се коалициите за локалните и претседателските избори, но не и за парламентарните.

„Мислам дека таква предизборна коалиција нема да му користи ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Не мислам дека ние ќе бидеме спасители и да влеземе во такви предизборни коалиции поради атер. Тоа нема да му помогне ниту на СДСМ ниту на ДУИ. Се уште постојат разлики во програмите. Ние имаме програмски разлики на национални линии“,вели Али Ахмети – претседател на ДУИ.

Шанси за предизборна коалиција веројатно нема, но лидерот на СДСМ, Заев, очекува соработката со ДУИ да продолжи. Вели дека има доверба во Ахмети бидејќи, како што вели, сегашната коалиција им била склучена врз основа на политичките програми, и ќе продолжи се додека се почитува таа програма.

„Дома може да се сакаме и да си веруваме, си веруваме овде додека служиме добро на граѓаните. Во првиот момент може да се разделиме, да ја зајакнеме соработката или да не сменат граѓаните на кои служиме“,истакна Зоран Заев – претседател на Влада.

Засега надвор од коалициите превдодени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, можна е предизборна соработка уште кај албанските опозициски партии – БЕСА и Алијанса за албанците.