Објавено видео од филмот ”I love Tropoja”, во улога се појавува и ЕДИ РАМА(ВИДЕО)

0
531

Актерот од Албанија, Ермал Мамаќи, на социјалните мрежи објави видео од дел од неговиот филм ”I love Tropoja”(Ја сакам Тропоја), во кое јасно се гледа дека нема да недостасува акција, оружје и казина.

Ова кратко видео го потврдува и учеството на албанскиот премиер Еди Рама, пренесува Експрес. Тој се појавува маскиран и со долга коса, исто како на сликите кои беа објавени претходно.

”Филм како овој не сте виделе досега”, напиша Мамаќи на Инстаграм. Ова е втор филм на Мамаќи, по ”Два прсти мед”, кој постигна вистински успех не само во Албанија.