„Помпео, оди си дома“ – му порачаа грчките демонстранти, го запалија американското знаме и се судрија со полицијата

0
48

Во текот на посетата на американскиот државен секретар Мајкл Помпео на Грција, група демонстранти, кои се движеа кон американската амбасада во Атина, се судрија со полицијата, која употреби солзавец за да ги растера.

Претходно, неколку стотици демонстранти се собраа на плоштадот Синтагма, извикувајќи „Американци, убијци на народот“ во знак на протест против измените на одбранбениот договор меѓу двете земји, кој се однесува на американските воени бази во Грција.