ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ ВО ОФИЦИЈАЛНА ПОСЕТА НА АЛБАНИЈА – СРЕДБА СО КОЛЕГАТА ИЛИР МЕТА

0
187

Нема друга алтернатива освен членство во унијата а Скопје и Тирана мора да продолжат да чекорат по европскиот пат, порача Стево Пендаровски по средбата со албански колега Илир Мета. Македонскиот претседател предлага оддржување на вонреден самит на кој ќе учествуваат земјите Западен Балкан и на кој би се отфлиле сите алтернативи за евроинтеграцијата на регионот.

„Реално мислам дека и двете држави требаше да ги почнат пристапните преговори. Притоа ние потрошивме многу време на нашите европски пријатели да ги убедиме дека не станува збор за давање на полноправно членство , туку станува збор само за почеток на еден процес кој сигурно ќе трае со години. Станува збор за многу долг процес во кој ќе има доволно време ние да ги имплементираме европските стандарди и принципи со помош на нашите европски пријатели и тоа е најдобриот начин за брзо правење на реформи.“  изјави Пендаровски.