Протест на вработените и студентите во Институтот за хемија

0
51

Состојбата никогаш не била полоша, велат, а немаат ни соодветни лаборатории за работа. Имаат  три клучни барања за нови вработувања како и обезбедување средства од буџетот за нивните потреби. Создаваме способни оформени кадри кои заминуваат во странство бидејќи со години не се овозможуваат вработувања на млади соработници, порачаа професорите.

И студентите се незадоволни, реагираат дека технологија е во подем, но тие не можат да го покажат знаењето преку практична работа. Очекуваат државата на идните хемичари да им овозможи подобра иднина, во спротивно се принудени да заминат надвор.