Разбиена криминална група од Струмица, продавале хероин на уживатели и дилери – еве што пронајде полицијата кај нив

0
82

Засилените активности на МВР за сузбивање на уличната продажба на наркотични дроги продолжуваат, па Одделот за криминалистичка полиција во координирана акција со СВР Струмица, СВР Штип, Одделот за специјални полициски операции и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, разби криминална група од Струмица, која се занимавала со продажба на наркотична дрога „хероин“.

Организатор на криминалната група е В.С. (45) од Струмица, лице со криминално минато, осудуван за тешки кривични дела, како и за недозволена трговија со дрога. Тој организирал набавка на наркотична дрога „хероин“ во количини од половина килограм, која потоа ја препакувал во помали паковки (од еден до пет грама) и ја продавал по цена од 1.300 и 1.500 денари за еден грам на уживатели и дилери од Струмица и Штип.