Русковска му се јавила на Мицкоски – Можеби ќе го повик на распит

Обвинителката Вилма Русковска во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако мафтал со документи за Рекет, му се јавила на телефон.

-Пред да мафта со тие работи, го побарав на телефон затоа што имаше изјавено дека никој не го викнал во ОЈО а он знаел и за други случаи. Го прашав за кои случаи има сознанија, рече дека он тоа не го кажал тоа. Го прашав дали има сознанија за други луѓе од кои биле барани пари, рече ќе размисли. Без презафатена со други работи. Јас сум сигурна дека нема да сака да помогне, но не ја исклучувам можноста да биде повикан, рече Русковска.