Светски ден на бездомништвото

0
142

Хасан Аметовски познат како Хари од голема фамилија во животот, десет години тагата, а понекогаш и мала насмевка добива од улицата.

Тој цела деценија живее како бездомник. Единствена надеж му е пунктот за бездомници на црвен крст во Момин поток. Тука добива храна, облека, топла бања, а во студените денови и кревет. Пред една година бил неговиот најубав ден во животот по цели 17 години прв пат се видел со неговата сестра.  А работи како продавач на списанието В лице влице.

Денеска се одбележува светскиот ден на бездомниците. Бројот се зголемува, причините се различни, но она што име потребно на овие луѓе е поддршка и можност да се вратат во живот.