СДСМ со реакција: Мицкоски се определи за Груевски по секоја цена

0
40

„Христијан Мицкоски не собра сили да се огради од криминалот и злоделата на неговиот ментор и шеф Никола Груевски. Со тоа, Мицкоски се определи за Никола Груевски по секоја цена“, реагираат од СДСМ на вечерашното интервју на Мицкоски за „Отворено“ на „ТВ 24“.

„Најавата за бришење на функцијата почесен претседател, без осуда, без оградување од криминалот на Груевски е уште еден прочитан блеф на Мицкоски.

Мицкоски се опкружи со луѓе од режимот меѓу кои и исцелител, но и човек кој јавно на телевизија навредуваше пратеници на СДСМ и бранеше насилници кои насилно упаднаа во Собранието.

Со такви ликови се борат само за обнова на режимот, заробената држава и груевизмот

Лажните преродби и обнови се стариот крив пат на Груевски и Мицкоски. Членството во НАТО и ЕУ и носењето на парите кај граѓаните е правиот пат.

По неколку изборни порази Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат да се подготвуваат за нов пораз на наредните избори, кога и да се“, се додава во реакцијата.