Се обидел да поткупи полицајци, тие го привеле

0
35

Жител на струшкото село Долно Тапеши е приведен откако се обидел да поткупи полицајци за да не го казнат за сообраќаен прекршок.

„Ф.М.(45) на патот Битола – Ресен, кај месноста „Катинска крстосница“, бил запрен од полициски службеници од СВР Битола по сообраќаен прекршок. Тој, се обидел да им даде поткуп на полицајците, па бил приведен. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, информираат од МВР.