Се судрија јапонски патролен брод и севернокорејски рибарски брод

0
76

Крајбрежната стража претходно објави дека 20-члениот севернокорејски рибарски брод впловил во територијални води и ексклузивната
економска зона на Јапонија

Јапонската крајбрежна стража спаси повеќе од 10 членови на екипаж на севернокорејски рибарски брод,што се судри денеска со јапонски патролен брод.

Крајбрежната стража претходно објави дека 20-члениот севернокорејски рибарски брод впловил во територијални води и ексклузивната економска зона на Јапонија.

Севернокорејскиот брод почнал да тоне по инцидентот, додека патролниот брод е без оштетувања.