Синдикалците остануваат на барањето за зголемување на платите за повеќе од 10 проценти веќе од јануари, а доколку тоа не се случи започнуваат генерален штрајк на 11 ноември. Просветарите не сакаа да ги откријат преговарачките позиции, но тврдат дека имаат поддршка од наставниците и професорите.
Министерот за образование, Арбер Адеми, истакна дека ќе се бара алтернатива на барањата на СОНК и увери дека Владата се грижи за материјалниот статус на просветните работници, а тоа се покажало и со двете покачувања од по 5% во последниве година и половина.
Инаку, СОНК, покрај двете главни барања, очекува и нови колективни договори, регрес за годишен одмор и исплата на прекувремените часови.
Нова средба за надминување на разликите е најавено кон крајот на неделава.