Специјалецот Игор Спасов, осуден за убиството на Нешковски, не се вратил во затвор

0
45

Специјалецот Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, во петокот не се појавил во затворот во Идризово, иако на тој ден му измина рокот за оправдан прекин на издржување на затворската казна. Директорот на затворот Боби Мојсовски за МКД.МК потврдил дека до него не било испратено писмено известување за нов прекин и негово оправдано отсуство.

-Испратено е известување до судот во Штип дека Игор Спасов не се појавил во затвор. Од судот до сега редовно ни беше испраќано известување за прекин на издржување на затворската казна кој завршуваше на 18 октомври, во петокот – рече Мојсовски.

Откако на 18 август годинава му истече прекинот од една година на издржување на затворската казна, Спасов повторно со поднесена медицинска документација доби нов прекин кој траеше до петокот.