Стотици илјади хектари каде сопственик е државата немале имотни листови

Државата ќе добие имотни листови за стотици илјади хектари земја кое го поседува а за кое не е впишана сопственост a граѓаните чисти имотни во кои пак по грешка се впишани сопственици на минимални парчиња земја во парцелата. Ова е предвидено со измените на  Законот за катастар кој беше усвоен во јуни а чии подзанокски акти беа изгласани пред десетина дена кои се однесуваат токму на исправките во имотните листови.

Според директорот на Катастарот, проблемите во имотните листови на граѓаните се јавиле при дигитализирањето а правата на земјиште се запишувале врз основа на дигитален премер и дигитални катастарски планови во однос на аналогни планоци односно податоците од катастар на земјиште. Оваа појава најчесто се сретнува во Драчево, Ѓорче Петров, Волково и Сарај каде граѓаните во имотните листови ги добиле и своите соседи. Граѓаните со едно барање и без надоместок ќе можат да ги избришат сопственичките делови кои се до 5% од површината на парцелата.