ТАРАВАРИ: НА МУРТО АМНЕСТИЈА НЕ МУ ПРЕЧИ БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ, МУ ПРЕЧИ ГОСТИВАР

По изјавата на премиерот Зоран Заев дека само Таравари можел да го гушка Мицкоски во Гостивар, поранешниот министер за здравство токму во Владата на Зоран Заев реагираше преку својот фејсбук профил.

– На Мурто Амнестија не му пречи бегството на Груевски, ниту слободата на Велјановски, ниту затворот на Фета Халими, запнал со Гостивар, напиша Таравари на Фејсбук.