Home Вести Македонија Тодоров: Барањата од Бугарија се неприфатливи и дрски за Македонците

Тодоров: Барањата од Бугарија се неприфатливи и дрски за Македонците

0
59

После тој состанок партиите не седнале да се договорат во која форма и каков ќе биде тој акт иако  сите се согласни дека треба да има некаков одговор, но и дека  треба да се внимава на вордингот  и на содржината за да не се нарушат доброседските односи.

Ваков  документ секако, нема многу да им помогне на историчарите  во стручните дебати на македонско – бугарската комисија, но сепак би требало да значи дека Македонија не останала нема на  острата реторика на Бугарија со собраниската декларација , во која со серија услови се најавува можна блокада на земјава на патот кон ЕУ, а во истата се наведува дека „не смее да се споменуваат македонскиот јазик и бугарскиот фашистички окупатор“.

Историчарот Петар Тодоров, кој е член на македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања, во интервју за РСЕ вели дека барањата од Бугарија се неприфатливи и дрски за Македонците, но македонските политичари се тие коишто треба да најдат начин како да одговорат.

Тодоров дополнително бугарската декларација ја толкува како притисок кон Македонија, но според него тој притисок нема да вроди со плод.