УЈП со кривични пријави за Меѓународен сојуз и за продукцијата

0
152

УЈП стокми кривични пријави за Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски и за продукцијата, каде беше сместена телевизијата „1ТВ“. Телевизијата на Јовановски му го префактурирала мебелот кој бил во „1ТВ“, односно за трпезариска маса, кујна, гарнитури, Јовановски е должен да плати, велат од УЈП.

Од Управата за јавни приходи, пренесуваат медиумите, утврдиле дека за промоциите на концертите на Марија Шерифовиќ и Северина не се даночно чисти, биле платени, но не и данокот.

За повеќе детали за истрагите на УЈП во Меѓународен сојуз, „БМЈ медиа груп“, „1ТВ“ и другите вмешани, од Управата за јавни приходи најавија брифинг за новинарите.