Фајненшл Тајмс: Црни денови би можеле да следат доколку се промени власта во Северна Македонија

По евентуалната промена на власт во Северна Македонија и можното доаѓање на националистите кои се спротивставија на Договорот со Грција за промена на името, Балканот може повторно да зачекори во црни денови, прогнозира британскиот весник „Фајненшл тајмс“ во новата ананализа за случувањата после Брисел.

Ветото на Емануел Макрон за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија за пристапување во ЕУ може да биде запаметен како историска грешка, која ќе ја ослабне Европа и која ги поткопува нејзините амбиции да стане геополитичка сила“, стои во написот.