Јанева останува во притвор, со нова шанса со гаранција да излезе од таму

0
139

Апелациониот суд ја остави екс специјалната обвинителка Катица Јанева во притвор, но отвори можност по втор пат да понуди гаранција за да се брани од слобода.

Денеска судот одлучуваше откако адвокатите се жалеа на првостепената одлука на кривичен со која беше продолжен притворот на Јанева.

Сега повисокиот суд ја отфли жалбата, но укина уште една точка по чиј основ и беше одреден притворот на Јанева. можност да влијае на сведоците судот проценил дека Јанева нема, за тоа што истрагата е завршена.

Можност од бегство останува во одлуката на апелацискиот суд.

Адвокатите на јанева за сега не ја примиле одлуката на судот но велат дека токму таа го отвара патот тие повторно да ја активираат гаранцијата која екс специјалната обвинителка ја нудеше дека нема да бега.

Кога ќе го добијат решението ќе го достават и известат кривичниот суд  кој еднаш го отфрли барањето таа да се брани од слобода со гаранција.

Жалба на решението на судија на претходна постапка е поднесено па одбрана очекува дека сега отфрлената гаранција ќе биде прифатена.

Инаку Јанева нудеше три станови во Скопје, од кои два на нејзините деца и еден на блиски членови на фамилијата. Исто како Јанева и Бојан Јовановски се жали на притворот кој му го продолжи скопскиот кривичен суд, но за тоа бара да се изјасни и на јавна седница во апелациониот суд.

Закажана е за во четврток кога тој пред тројца судии од апелација но и пред јавноста ке го брани ставот дека нема да бега, да влијае врз сведоци но и да уништува докази.

И за него е завршена истрагата за рекетот врз бизнисменот и осомничен на СЈО, Орце Камчев, но не и за невладината Меѓународен Сојуз. Обвинителството се уште собира докази во делот на истрагата каде Јовановски се сомничи дека преку здружението на граѓани принудувал бизнисмени да даваат пари за идејни социјални проекти.

За сега во домашен притвор е само второосомничениот Зоран Милевски Кичеец. Тој на почетоткот на минатата недела излезе од Шутка откако доби позитивно мислење и од обвинителството.

Извор Телма