ЈАНЧЕВ: БЕВ НА ТРИБИНАТА НА СДСМ КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК

На трибината на СДСМ бев поканет и присуствував како градоначалник на градот каде што се одржуваше настанот. Вака првиот човек на Кавадарци Митко Јанчев, кој е член на ВМРО ДПМНЕ го објаснува своето присуство на партиската трибина на владејачката партија, која синоќа се одржа во кавадаречкиот дом на културата.

Јанчев негира било каков партиски трансфер и ваквите наводи ги нарече „чиста шпекулација“. Тој смета дека должност на секој носител на јавна функција да има соработка со сите институции, без разлика на партиската припадност.