12 години ВМРО-ДПМНЕ и тогашниот градоначалник Марјан Ристески им продаваа на граѓаните лажен патриотизам и популизам. Но, граѓаните ги препознаа лагите и затоа им рекоа „не” на ВМРО-ДПМНЕ. –истакна Јованоски.Тој потенцираше дека 12 години, проекти биле само ветувани, а ништо не се сработило. Како лажното ветување дека Прилеп ќе биде европски град, а при тоа не бил направен ниту еден детален урбанистички план,а сега само последнава година направени се 4 урбанистички планови и во моментов се работи на планови за 30 села во оваа општина.-истакна Јовановски.
За 12 години немаше ниту еден капитален проект, а во мојата предизборна програма имаше 12 проекти и сите ќе бидат направени за мандатот од 4 години.-истакна Јовановски .