Џастин Бибер повторно се ожени со Хајли Болдвин

0

По тајната церемонија на која биле само тие двајца, пејачот Џастин Бибер (25) и неговата избраничка, манекенката Хајли Бибер (22) организираа уште една прослава за поширокото семејство и пријателите на кои ги разменија заветите, пишуваат американските медиуми.

– Џастин веќе се чувствува дека во брак, ова е само забава. Многу е опуштен, никој не би рекол дека денес се жени. Цело време се смее, среќен е и не изгледа нервозно – рекол извор за „Пипл“ пред свадбената церемонија.

Сепак, и оваа венчавка се одиграла набрзина.

Некои гости се налутиле бидејќи поканите ги добиле премногу доцна, пишуваат американските медиуми.

Џастин и Хајли првпат се венчаа во септември лани во Њујорк, а пред втората церемонија Џастин својата избраничка ја разнежни со објавите на социјалните мрежи. Двојката, инаку, се познава од 2009 година, а пејачот објави нивни стари фотографии кога ги запознал таткото на Хајли, актерот Стивен Болдвин.