Арсовски: Сите во рамките на нашите можности на било кој начин можеме и мораме да им помогнеме на оние што им значи живот

0
133

Горд сум на овие две хероини кои се борат со најтешката болест на денешницата и ми е особено драго што имав можност да учествувам во квизот “Листа за 300” каде што освоените средства ги донираме на овие две девојки пред кои е животот.
Голготата која ја поминуваат граѓаните низ институционалните лавиринти, на кои им се потребни средства за лечење, верувам дека брзо ќе заврши со падот на оваа власт и рекетарот Ден Дончев.
На овие две хероини кои лично не ги познавам им посакувам брзо опоравување и се надевам дека моментот кога ќе имам прилика да ги запознаам ќе ме израдуваат дека ја добиле целосно битката со болеста и силно и искрено верувам дека ќе се случи тоа.
А, на сите граѓани, на компаниите, а особено на останатите медиуми секаде каде што има можност им порачувам да го следат примерот на Сител ТВ и да ја реализираат својата општествена одговорност.
За нас можеби значи малку, но сите во рамките на нашите можности на било кој начин можеме и мораме да им помогнеме на оние што им значи живот.
Затоа, телефоните во рака, дали преку операторите или електронско банкарство помогнете симболично, ќе ви одземе неколку минути, напиша на својот Фејсбук профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски