Бачев: Албанците лажно беа прикажани дека се 25,17 отсто

0
139

„Многу имам пишувано како е изведен фалсификуваниот попис во 2002 со кој Албанците лажно беа прикажани дека се 25,17 отсто.

Во ова насока еве уште еден доказ. На сликата е Измит Нура државјанин на Република Македонија и функционер – заменик директор во Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.

Пред малку Нура гласаше во Призрен на денешните избори во Косово оти има државјанство и на Косово а има државјанство и на Македонија и Албанија. Ги има стотици илјади Албанци со тројни државјанства и на изборите, како и на пописот, исти лица по три пати се пребројуваат и попишуваат и во Косово и во Албанија и во Македонија, со цел, лажно да ја прикажат бројката на Албанците во Македонија и регионот!