Бајден на Твитер: Да ја поддржиме евроатлантската интеграција на Западен Балкан

0
126

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, кој најави дека ќе се кандидира на претседателските избори во САД во 2020 година, на Твитер изрази силна поддршка за ратификацијата на Протоколот за членство на нашата земја во НАТО од страна на американскиот Сенат, истакнувајќи дека земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од Европа во целост.

-Силно ја поддржувам одлуката на Сенатот со која се одобрува членството на Северна Македонија во НАТО. Земјите од Западен Балкан заслужуваат да бидат дел од Европа како целина, слободна и во мир и ние треба да ја поддржиме евроатлантската интеграција на регионот, напиша Бајден на Твитер.