Беса тврди дека полицијата врши притисок врз нивни членови

0
130

Активисти на Движењето Беса на прес-конференција од пред Владата, со ленти на устата и со заврзани раце, симболично порачаа полицијата да престане со притисок врз нивни членови.
Лириден Хусеини рече дека членови на Беса, се испрашувани и психолошки малтрерани поради нивните активности.

Тој вели дека тоа нема да ги исплаши активистите да запрат со кревањето на гласот против лошите политики на власта.

,, Оваа власт кога беше во опозоција ни продаваше вредности на демократија и поголема слобода на изразување, денес на суптилен начин сака да го замолчи младинскиот глас, кој едно по едно ги открива неуспесите на владата. Младинските активисти на Беса ги вознемирија меките фотелји на владеачите кои на прво место ги имаат своите лични и семејни вредности, а после интересите на сиромашните граѓани. Партиската полиција на власта врши разни психолошки притисоци да се повлечеме. Ние оттука велиме не. Нема да застанеме залудно се обидуваат да не исплашат”, рече Хусеини.

Алтивистите на Беса по завршувањето на прес-конференцијата, со фластери ја излепија вратата на Владата и ги закачија ланците кои ги носеа на рацете.

Наслов БЕСА: Партиската полиција на власта, да престане со притисок врз наши членови.