Боки 13: Живеам за докажување на вистината и на мојата невиност!

0
115

Бојан Јовановски – Боки 13, првоосомничен во случајот „Рекет“, бара да биде префрлен во болница поради компликации од хируршки зафат и влошено здравје. Неговиот адвокат Сашо Дуковски, денеска, на јавната седница на Апелација, каде се одлужува по жалбата за продолжување на притворот достави медицинска документација која ги потврдува наодите на Јовановски.

„Пресечен ми е нерв на желудникот. Стојам тука пред вас и имам органски проблем. Во оваа постапка треба да сум жив и здрав, а не мртов. Јас живеам за докажување на вистината за овој случај. Тука сум целосно со сите мои сознанија, факти и докази и во една фер судска постапка да ја докажам мојата невиност“, вели Бојан Јовановски – Боки