Борисов: Му реков на Заев да не поднесува оставка

0
145

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, му порачал на неговиот македонски колега, Зоран Заев да не поднесува оставка откако станува извесно дека на овој Самит на ЕУ нема да биде донесено одлука за доделување на датум за почеток на пристапни преговори за Македонија.

„Пред Советот долго зборував со Зоран Заев и му реков да не си дава оставка, зашто тој заврши многу работа и има уште да се направи“, изјави Борисов.

Борисов кажа дека „за Северна Македонија и за Албанија ништо не е заклучено, туку како што беше формалното објаснување на Советот, решението е одложено за мај за време на хрватското претседателство“.