Борисов: Јас и Каракачанов го поддржуваме членството на Северна Македонија во ЕУ и НАТО

0
142

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Софија изјави дека тој и неговиот заменик и министер за одбрана Красимир Каракачанов го поддржуваат зачленувањето на Северна Македонија во ЕУ и НАТО.

– За темата дали Северна Македонија треба да влезе во ЕУ и НАТО со вицепремиерот Красимир Каракачанов сме на ист став. Се разбира дека и Албанија треба да биде членка, изјави Борисов за време на средбата со претставници на Американската трговска комора.