Бројот на казните кажува се

0
91

За сообраќајната некултура во Скопје не треба да се објаснува, доволно е да се презентираат податоците од билтенот на скопските сообраќајци.
Вчера од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, се исклучени седум возачи кои се движеле со поголема брзина, четири возачи кои возеле под дејство на алкохол, 10 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач почетник и 10 возила кои биле нерегистрирани.

Евидентирани се и 11 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач за некористење на заштитен шлем, 17 возачи за неносење сигурносен појас за време на управување моторни возила и 16 возачи за користење мобилен телефон за време на управување моторни возила.

Бројот на казните кажува се. А може да претпоставиме колкав е бројот на неказнети, а ги прекршувале сообраќајните правила. Затоа и има многу повредени, на улиците во Скопје.