Бугарија: Војската вклучена во гасење на пожарот на Стара планина

0
113

Припадници на копнената војска и хеликоптер Ми-17  на Воздухопловните сили се обидуваат да го изгаснат големиот шумски пожар на Стара планина и националниот парк Рила, соопшти Министерството за одбрана на Бугарија.

Во напорите за гасење на пожарот се вклучија и 21 припадник на воената единица за реагирање при елементарни непогоди.

Главниот комесар Николај Николов, раководител на Генералниот директорат за пожари и цивилна заштита, рече дека пожарот на Стара Планина зафаќа површина од повеќе од 4.000 хектари, од кои една третина на територијата на Бугарија, а остатокот во Србија.