Бугарското собрание „за“ почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ

0
118

Со 129 гласа ЗА, 4 против и еден воздржан, бугарското Народно собрание ја усвои декларацијата со која се предвидува државата да им даде целосна поддршка на Македонија и Албанија за почеток на преговори со Европската Унија.

Но, иако Бугарија идната недела ќе даде зелено светло за земјава, најавија долг список на услови кои ќе ни бидат испорачани на преговарачките поглавја. Од македонската Влада велат дека се за решенија со соседите, а не за уцени и прекинување на дијалогот.