Васев: Молкот на Мицкоски за неговите хидроцентрали отвора сериозни сомнежи

0
133

Xидро Мицкоски молчи и не одговора: На што се должи неговата најава за повлекување од бизнисите со хидроцентралите?

Што сака Мицкоски да сокрие со ваквиот негов потег?

Јавноста знае дека Државната комисија за спречување на корупцијата веќе има отворено предмет токму против него и неговите бизниси со хидроцентрали.

Колку за потсетување, Мицкоски бизнисот со хидроцентрали го добива во време кога е наводно про боно советник на неговиот ментор, криминалецот во бегство Никола Груевски.

Тоа е класичен судир на интереси.

Наводниот про боно советник, во 2015 година во конзорциумот во кој удел има Мицкоски, од Владата на неговиот ментор Груевски добива државно земјиште од речиси 33 илјади квадратни метри за изградба на хидроцентрала.

Во меѓувреме официјални податоци ја демантираат неговата лага дека уделот е само 7 отсто.

Официјални документи покажуваат дека во втората половина на 2017 година во конзорциумот „Минка-Енерготек“ била направена промена во сопственичката структура, со пренос на уделите.

Со ваквиот пренос, „Енерготек ДОО Скопје“ на Мицкоски во конзорциумот „Минка-Енерготек“ има удел од 99 отсто.

Молкот на Хидро Мицкоски за овие прашања отвара сериозни сомнежи.

Затоа го повикуваме да излезе пред јавноста и да одговори на јавно поставените прашања.