„Рекет“: Боки 13 го однесе брза помош, полицаец со непристоен гест кон новинарите

0
127

Точно на пладне затворската полиција го донесе Боки 13 од притвор за да даде исказ пред Вилма Рускоска. Затворското комбе го спроведе преку задниот влез. Со лисици и шише вода се качи во обвинителството за организиран криминал.

Но, Боки 13 не прозборе пред Рускоска. Му се слошило. Почнал да повраќа, па веднаш беше повикана брза помош. За неколку минути на носилки беше изнесен од зградата на обвинителството.