Виторе Наумовска од тетовско Непроштено пет години моли за вештачки колк

0
118

Веќе 5 година Виторе Наумовска од тетовско Непроштено залудно тропа по болничките врати барајќи замена на вештачки колк и протеза на левата нога чии рокови се поминати, откако и биле поставени во 2005 година.

Снимките и покажуваат дека колкот и се троши, a протезата и е разместена што резултира со голем оток, инфекција и крварење на ногата.

Ни раскажа дека од 2014 досега во неколку наврати била на скопските клиники, но оттаму била одбивана со образложени дека немаат материјал за вакви зафати.

За изминативе 5 години вели дека постојано била праќано од Скопските клиники во болницата Свети Еразмо во Охрид и обратно.

Последен пат била во охридската болница минатата година, каде што докторот и рекол дека не можел да ја прегледа, оти била од Албанија иако ги поседува сите Македонски документи и е здравствено осигурана, а во болницата имала закажано и термин за преглед.

На Виторе ногата постојано и крвари, единствен спас гледа во брза интервенција во државните болници Пари за приватни клиники нема, таа е социјален случај а и сопругот и е невработен.

Од Министерството за здравство накусо ни соопштија пациентката уште во понеделник да се обрати на Ургентниот центар при Клиничкиот цетнар во Скопје каде ќе се постапи со неа согласно сите здравствени протоколи.

Извор Телма