Власта и опозицијата се скараа околу датумот за ЕУ

0
121

Тој е убеден дека идната недела ќе го добиеме ветениот и заслужен датум бидејќи, како што вели, сите предуслови ЗА ОВА ги имаме исполнето.

Но, опозицискиот лидер не е оптимист. Смета дека не само што може да е условен, туку постои можност да биде одложен за други ПОДОБРИ времиња. Ако меѓу причините е Законот за јавно обвинителство, Мицкоски вели дека виновна ќе биде власта, но и поради нерасчистените корупциски скандали кои се споменуваат од дипломатските извори,меѓу кои и случајот „Рекет“. За него лоша е и идејата ако се одлучи земјава во секој счучај да е во пакет со Албанија.

Заев и Мицкоски имаат различни гледишта и за бугарските услови на преговарачките поглавја. Премиерот тврди дека ќе се најде решение, неговиот опонент дека Бугарија се однесува неевропски. Сепак, извори од Бугарија велат дека декларацијата во одредена мера е производ на политички пазар во бугарската Влада, и дека во ниту еден случај Бугарија нема да биде пречка во евроинтеграцијата на Македонија.

Одговори на сите прашања со позициите на земјите членки на ЕУ кон Македонија ќе се знаат наредната недела кога ќе се носи одлуката за европската иднина на земјава и Албанија.