ВМРО-ДПМНЕ Виница: Ќе одговара ли градоначалникот на Виница за ширење лажни вести? (ВИДЕО)

0
126

Почитувани сограѓани,

Поминаа две години откако СДСМ ја презеде локалната власт во општина Виница, помина половина од мандатот на градоначалникот Ивица Димитров и наместо популистичките објави на социјалните мрежи изминативе неколку денови со кои се замајува јавноста со асфалтирање на улички со должина од 100 и 200 метри, време е да излезат пред граѓаните и да кажат до каде е реализацијата на програмата со која победија на локалните избори.
Бидејќи градоначалникот неколку седници по ред не присутвува на седниците на советот на советнички прашања, принудени сме преку јавните медиуми да го прашаме за проектите кои ги вети пред граѓаните на општина Виница.
-Кога ќе започне изградбата на брана на река Сушица?
-До каде е изградбата на булеварот на влезот во Виница од Горица до бензинската на Макпетрол?
-Кога граѓаните можат да го очекуваат ветениот кружен тек на влезот на булеварот „Маршал Тито“ кај кафе бар Кул?
-Каде е намалувањето на цената на водата и другите комунални давачки за 30% и зошто наместо ветеното намалување, водата како оваа така и наредната година поскапува?
-До каде сте со активностите за изградба на затворен градски пазар?
-Каде е регулацијата на Градечка река со кејски ѕидови во делот што минува низ Виница и патот Градец-Лисец, проекти кои имаа рок на реализација 2018-19 година?
-До каде е постапката за отварње на Дом за стари лица во Блатец?
-Ветивте изградба на спортски сали во ОУ „Гоце Делчев“ и „Славчо Стоименски“ и реновирање на спортската сала “Капетан Кирчо Димитриев”, откако го довршивте започнатиот проект на претходната власт, спортската сала во ОУ „Славчо Стоименски“, прашуваме дали барем еден капитален проект можете сами да реализирате во вашиот мандат?
-До каде сте со ветувањето дадено на пензионерите, реновирање на Пензионерскиот дом во Виница?
-Кога ќе изградите мултикултурен центар и ќе ја реновирате киносалата, ветувања кои ги дадовте на младите?
-Кога ќе ги реализирате ветувањата дека ќе ја преиспитате концесијата за топлите води во Истибања, дека ќе направите нови испитување и дупчења за нови количини топла вода и ќе превземте конкретни мерки за привлекување на инвеститори за градба на објекти за туризам во м.в. Топлички рид?
-До каде сте со проширувањето и асфалтирање со нов слој на локалниот пат Скараница-Блатец?

Почитувани,

Ова се само дел од проектите кои предизборно беа ветени од градоначалникот и новата локална власт на СДСМ преточени во т.н. програма „Живот во Виница“-најголемата измама што некогаш била пласирана на граѓаните на општина Виница. За голем дел од овие проекти локалната власт нема превземено никакви конкретни активности, ниту еден од нив не е започнат, а тешко и дека ќе видиме реализација на некој од нив.
Овие лаги и нереални ветувања дадени од локалната власт, како и националните предавства и понижувања, секојдневните афери, криминални тендери и иновации, рекети и шарени лаги на Зоран Заев и врхушката на власт беа препознаени и казнети од граѓаните на општина Виница на претседателските избори, на кои СДСМ во Виница изгуби со над 1700 гласови разлика.
За крај ги повикуваме сите граѓани на општина Виница во недела од 17.00 часот во м.в. Бојаџиски бунар да се приклучат и дадат идеи за обнова на Македонија и со тоа да дадат свој придонес во подготвувањето на програмата која ВМРО ДПМНЕ ќе ја понуди на предвремените парламентарни избори.

Ви благодарам.