Во двор од куќа во Македонски брод најдена граната од Првата светска војна

0
120

Вчера во полиција во Македонски Брод, 44-годишниот В.С., пријавил дека во двор на куќа, при изведување на градежни работи, била пронајдена граната со калибар од 75 мм од Првата светска војна, информираат од МВР.

Гранатата била отстранета од екипа од Полициска станица Македонски Брод. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.