Во пет општини во државава ќе се градат нови градинки

0
172

Договор за изградба на пет градинки, денеска со Министерството за труд и социјална политика потпишаа општините Крива Паланка, Ѓорче Петров, Струмица  Ресен и Боговиње, со вкупна сума од 228  милиони денари.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која со градоначалниците го потпиша договорот, рече дека Владата поставила цел да го зголеми за 50 проценти опфатот на деца во предучилишно образование или да се постигнат 50 проценти од вкупниот број на деца во нашата држава да бидат вклучени во предучилишното образование за четири години.