Германската полиција заплени косовски БМВ икс5 М обвиткан во златна фолија (ФОТО)

0
167

Полицијата на Дизелдорф почнала операција против модифицирани возила за време на минатиот викенд и „обезбедила“ пет различни модели за инспекција од страна на експерт.

Еден од нив бил прилично впечатлив бидејќи бил БМВ икс5 М обвиткан со златна фолија. Како што истакна германската полиција во соопштение, го привлекол нивното внимание бидејќи „сјаел силно на сончева светлина“.

Светлите фолии се забранети во Германија бидејќи властите сметаат дека ги заслепуваат другите возачи. Во претходен случај годинава, сопственик на златна порше панамера му биле конфискувани клучевите и регистарските таблички и не можел да го вози автомобилот додека не ја извади фолијата.

Запленетиот икс5, покрај сјајната фолија, имал и затемнети задни светла и „манипулиран издувен систем“. Полицијата соопшти дека возачот бил 30-годишник од Косово кој тврдел дека не ги знае строгите германски закони. Како што пренесува Дојче веле, полицијата одредила дека возилото не е безбедно и тоа било одвлечено од лице место. Возачот морал да најде друг превоз до дома.