Група интелектуалци: Рамковната позиција на Софија за преговорите на Скопје е понижувачка

0
116
Група интелектуалци од Република Бугарија и од нашата земја, преку отворено писмо денеска изразија, како што се наведува, разочараност и длабока загриженост од објавената „рамковна позиција“ на бугарската влада за преговорите на Република Северна Македонија за идното членство во ЕУ.
-Го сметаме ова враќање на јазикот на национал-комунизамот за апсолутно недопустиво. Ги сметаме како разумни утврдените услови за забрзување на работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања и постигнување на побрзи резултати од неа, како и за поголем општествен одѕив од нејзината работа. Го сметаме навистина наумесно, веќе постигнатите договори да се одразуваат во различни информативни табели со историска насоченост, во наставни програми во одредени дисциплини на училиште, на споменици, плочи, гробишта и сл., како и во изјави и коментари на државници, политички фигури и медиуми, поврзани со одразување на историски настани. Заедно со тоа, не може да не констатираме дека целокупниот тон на таканаречената „рамковна позиција“ кон Република Македонија е недопустлив, се посочува во писмото.